Словачките медиуми јавуваат за афера на премиерот Фицо со неговата секретарка

Од:

Вистинска лавина во словачките медиуми предизвика фотографијата на која претседателот на Владата на Словачка Роберт Фицо се бакнува со својата секретарка, Јана Халацова.

Чешките медиуми пак, ја пренесуваат веста под наслов „И Фицо има своја Јана“, асоцирајќи на неодамна објавената интимна и корупциска афера на чешкиот премиер Петр Нечас со неговата советничка Јана Нагиова, заради која и поднесе оставка, јави дописникот на МИА од Прага.

Словачкиот неделник „Плус 7 дена“, објави фотографија од 21 август, на која 49 – годишниот Фицо, со својот автомобил БМВ, без обезбедување ја испратил до дома својата секретарка Јана Халацова каде се збогувале со бакнеж.

Неделникот текстот го објави под наслов: Страстниот премиер: Фицо во автомобил се бакнуваше со секретарката!”, наведувајќи дека претходно, наводната двојка минала четири часа во замок каде има луксузен ресторан и соби за престој на гостите.

Премиерот преку портпаролката целиот случај го нарече „смешен“, информирајќи дека на вечерата присуствувале и други четири лица кои заминале во исто време.

Дваесет и седумгодишната Халацова, е секретарка на Фицо уште од времето кога како лидер на опозицијата беше на чело на левоориентираната Социјалдемократска партијата СМЕР.

Фицо, кој долго време е еден од најпопуларните словачки политичари заради својот спортски и непосреден дух, е оженет со Светлана, која е правник и имаат еден син.

Би можело да ве интересира

Петер Пелегрини e новиот претседател на Словачка

Словачка: Автобус налета на група луѓе, две лица загинаа

Горан Наумовски

Корчок се надева на победа на претседателските избори во сабота во Словачка

Горан Наумовски

ВИДЕО: Мечка снимена на улица во Словачка, двајца повредени

Жена од Белорусија починала откако бегала од мечка на северот на Словачка

Горан Наумовски

Грозоморно убиство во Словачка: Готвач си ја искасапил девојката

Горан Наумовски