Словачкиот референдум за заштитата на традиционалното семејството пропадна заради ниско учество

Од:

Референдумот за зачувување на вредностите на традиционалното семејство, кој вчера се одржа во Словачка е неуспешен поради учество на помалку од педесет проценти на гласачи.

Според информациите на Заводост за статистика, на гласање излегле 21.4 проценти од повеќе од 4,4 милиони регистрирани гласачи, јави дописникот на МИА од Прага.

Граѓаните се изјаснуваа за три референдумски прашања.

Првото прашање беше за тоа дали се согласуваат, на паровите или групите на лица од ист пол да им биде овозможено посвојување и подоцна воспитување на деца и против тоа, се изјасниле најголем дел од учесниците, односно 94,5 проценти од оние што излегле на гласањето.

Второто референдумско прашање, за кое гласале 92,4 проценти од излезените гласачи, укажуваше на тоа бракот да не може да се смета за соживот на други лица, освен меѓу еден маж и една жена.

Со третата точка, која  се однесуваше на тоа, училиштата да не можат да бараат од студентите да учествуваат во настава од областа на сексуалното образование или еутаназијата се согласиле 90,3 проценти од учесниците на Референдумот.

Рефрендумот беше распишан по петицијата на невладината организација Алијанса за семејството, која собра над 350.000 потписи повикувајќи на заштита на традиционалните семејни вредности.

Критичарите на референдумските прашања и здруженијата за заштита на правата на луѓето коу не се со хетеросексуална ориентација ги повикуваа граѓаните да го бојкотираат гласањето.

Словачка за разлика од останати европски земји, како на пример Чешка, нема воведено регистрирано партнерство за лица од ист пол.
Минатата година, пратениците на владејачките социјалдемократи (Смер-СД) на премиерот Роберт Фицо, заедно со дел од опозицијата изгласаа уставни измени каде беше дефиниран бракот како заедница меѓу маж и жена.

Би можело да ве интересира

Петер Пелегрини e новиот претседател на Словачка

Словачка: Автобус налета на група луѓе, две лица загинаа

Горан Наумовски

Корчок се надева на победа на претседателските избори во сабота во Словачка

Горан Наумовски

ВИДЕО: Мечка снимена на улица во Словачка, двајца повредени

Жена од Белорусија починала откако бегала од мечка на северот на Словачка

Горан Наумовски

Грозоморно убиство во Словачка: Готвач си ја искасапил девојката

Горан Наумовски