Словачкиот Парламент ги отфрли денеска предлозите на опозицијата за признавање на хомосексуалните партнерства.
На дводневните жестоки дебати во Парламентот конзервативците ја обвинија опозицијата за богохулење и изјавија дека да им се дава на истополовите врски истиот правен статус, каков што имаат хетеросексуалните бракови, е во противречност на традиционалните семејни вредности и создава опасност за општеството.
Од присутните 129 пратеници 94 гласаа против предлог-законот, 14 го поддржаа, а 20 беа воздржани.
Словачка е католичка земја, каде 66 проценти од луѓето се определуваат како Римокатолици и отворената изјава на хомосексуалните склоности е ретка појава.
Од 27-те членки на ЕУ, 14 ги признаваат хомосекуалните партнерства.