Словачка воведе нови мерки за ограничување на движењето на луѓето

Од:

Словачка донесе нови мерки за ограничување на движењето на луѓето, откако беше потврден најголемиот број новозаразени во земјата од почетокот на пандемијата.

Од денеска на словачките граѓани ќе им биде дозволено да ги напуштат своите домови само за да одат на работа, да купуваат храна и лекови во најблиските продавници и аптеки, да одат на лекар, да се тестираат за коронавирусот и да одат на погреби. Исто така, дозволено е да се излезе за да се прошетаат кучињата на растојание до 100 метри од куќата, и доколу се оди одите во парк, тој мора да биде во општината каде живеат.

Во Словачка, 2.890 нови случаи на Ковид-19 беа потврдени во претходните 24 часа, најмногу за еден ден од почетокот на пандемијата.

Во земја со 5,4 милиони жители, вкупно над 40.800 лица биле заразени со вирусот, додека 159 пациенти починале како резултат на Ковид-19.

Словачките власти вчера започнаа со тестирање на граѓани кои живеат во четирите области најпогодени од пандемијата. Спроведувањето на антиген тестови во овие области ќе трае до една недела, а подоцна ќе се прошири низ целата земја.

Би можело да ве интересира

Фицо: САД не сакаат да се мешаат во работите на другите земји

Шојгу: Протестите во Србија и Словачка се организирани од странство

Словаците протестираат по втор пат за две недели барајќи оставка од премиерот Фицо

Дојави за бомби во канцелариите на партијата СМЕР на премиерот Роберт Фицо

Следува големо протерување од Словачка на странски државјани кои ги организираат протестите

А1он

Зеленски го поддржа соборувањето на Фицо

А1он