Словачка ќе бара помош од Фронтекс на границата со Украина

Од:

Словачка ќе побара од Агенцијата за гранична и крајбрежна стража на Европската унија – Фронтекс, да помогне во обезбедувањето на границата со Украина, која е под притисок поради десетици илјади бегалци кои бегаат од конфликтот во Украина, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на земјата.

– И покрај одлуката на словачката влада да ја зајакне заштитата на словачко-украинската граница со распоредување припадници на вооружените сили, ние ќе побараме поддршка и од Фронтекс, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи. Во соопштението не се дадени детали за тоа каков вид помош е побарана.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Универзитети во Словачка добиваат закани за бомби

Горан Наумовски

Масакр во училиште во Словачка: Има мртви и повредени

Словачка: Ученик со нож уби две лица, има и повредени

Горан Наумовски

Фицо: Словачка ќе и возврати на Украина

Словачка протера двајца осомничени за планирање напади на енергетски објекти

Словачка ја затвора Канцеларијата за врски во Приштина