Словачка: Авионите наменети за Украина можеби се саботирани

Од:

Ловците МиГ 29 кои Словачка и ги достави како воена помош на Украина можат да летаат, но се чини дека не се способни за борбени операции.

„Руски техничари можеби намерно ја саботирале операцијата на борбени авиони од советско производство во сопственост на словачката армија“, изјави министерот за одбрана Јарослав Наѓ, пренесува порталот „Евроактив“.

Руската техничка поддршка што ги одржуваше „миговите“ до минатата година беше распоредена во воздухопловната база Слиач во централна Словачка. Наѓ вели дека врз основа на сомнежи дека авионите биле намерно оневозможени, полицијата го истражила целиот случај. Во авионските мотори има делови до кои пристапувале словачки техничари, но имало и склопови кои ги одржувале само Русите.

„Дефектите во работата на авионот се појавија само во делови до кои пристап имаа само Русите“, објаснува словачкиот министер за одбрана.

„Авионите можеа да летаат, но тоа не значи дека тие беа способни да се борат. Украинците дојдоа во Словачка една недела пред да им го предадеме авионот. Тие донесоа резервни делови и ги прегледаа авионите“, објасни Наѓ откако опозицијата предводена од партијата Смер-СД на поранешниот премиер Роберт Фиц остро ја критикуваше владата дека се откажала од вредните авиони.

Иако истрагата не откри дека забележаните проблеми во работењето на леталото се предизвикани намерно, Министерството за одбрана ја загуби довербата во руските техничари кои беа стационирани во базата Слијач, бидејќи проблемите се појавија на склоповите што тие ги одржуваа.

Генерал-полковник Лубомир Свобода, поранешен пилот од највисок ранг, исто така смета дека Русите намерно ги предизвикале дефектите на авионите.

„Ние им презедовме мотор кој требаше да трае 350 часа. И на крајот летал само 70 часа. Што можеме да направиме во врска со тоа? Можеби беше лоша изработка, ајде да го наречеме тоа. Не знам“, изјави тој во интервју за словачкиот портал „Денник Н“.

На 17 март, владата на Словачка го одобри планот да и ја даде на Украина флотата од 13 борбени авиони МиГ 29, останати од советската ера по распадот на Чехословачка во 1993 година. Првите четири борбени авиони со два мотори веќе и беа доставени на украинската војска на крајот на минатиот месец.

Словачка е втората земја-членка на НАТО која се согласи на постојаните молби на украинската влада да испрати воени авиони за да помогнат во одбраната од руските напади. Полскиот претседател Анджеј Дуда еден ден пред одлуката на Словачка изјави дека неговата земја ќе и подари на Украина четири борбени авиони МиГ 29.

„Ветувањата мора да се одржат и кога Володимир Зеленски побара повеќе оружје, вклучително и борбени авиони, реков дека ќе дадеме се од себе“, напиша тогаш словачкиот премиер Едуард Хегер на Твитер, додавајќи дека воената помош е клучна за да се осигура дека Украина може да се брани себеси и цела Европа од Русија.

Словачка, инаку, од минатото лето повеќе не користи „мигови“ и повеќето од нив не се во оперативна состојба, па владата одлучи да ги испрати на Украина оние авиони што се во функција. Кремљ веднаш објави дека борбените авиони што Полска и Словачка ги испраќаат во Украина ќе бидат уништени и повтори дека испораката на западно оружје за Киев нема да ги промени воените цели на Русија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голем напад на Русија, пожар во магацин за дронови „Шахед“

Катерина Ѓуровски

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русите: Ја презедовме контролата

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

ВИДЕО: Напад и пожар во скадиште за нафта на Крим

Катерина Ѓуровски

Русите ги запленија магацините за опрема на НАТО во Угледар

Предраг Петровиќ