Слон избеган од циркус усмртил човек во Германија

Од:

Слон од еден циркус во Германија, побегнал од својот кафез и подоцна усмртил човек, соопшти полицијата во германскиот град Хајделберг.

Идентитетот на жртвата не се споменува, освен што се вели дека станува збор за маж на 65 годишна возраст.Човекот шетал низ шумата во близината на градот Бухен, кога наеднаш пред него се појавил слонот, кој го нападнал и го усмртил.

Слонот-женка, стара 35 години, позната во циркусот како „Бејби„ пронајдена и вратена во циркусот.

Ова не е прв пат, циркуската слоница да предизвикува инциденти.Во два претходни,повредени се две лица-еден маж кој бил „исфрлен„ во воздух и едно 12 годишно дете, кому слоницата му ја скршила вилицата, удирајќи го со сурлата.

Локалните агенции за заштита на животните во тој дел на Германија, претходно, на неколкупати предупредувале дека животното, иако дресирано, не би требало повеќе да настапува во циркусот.

Полицијата отвори истрага за усмртувањето на несреќниот човек, сомневајќи се дека „некој трет„ бил вклучен во инцидентот.

Истрагата е насочена да утврди како слонот излегол од својот кафез и се сомнева дека или кафезот не бил прописно затворен, или пак некој намерно го пуштил животното да излезе.

Експерти за животни и луѓето од циркусот испитуваат зашто слонот станал толку агресивен , за да сега усмрти и човек.

Би можело да ве интересира

Основците во Германија се послабо сметаат, читаат, пишуваат

А1он

Штајнмаер повторно избран за претседател на Германија

Грција – причина за кавга во германската владина коалиција

Наум Локоски

Сонболи една година го планирал нападот во Минхен

Емир Латифовиќ