Следува големо протерување од Словачка на странски државјани кои ги организираат протестите

Од:

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави денеска дека во моментов се подготвува список на лица кои административно ќе бидат протерани од територијата на Словачка во врска со обидите за пуч.

Тој во емисијата „Саботни дијалози“ на телевизијата СТВР најави дека протерувањето ќе биде извршено „во следните неколку дена“.

Според него, петочните протести во неколку словачки градови биле организирани врз основа на „лагата“ дека неговата влада сака да ја „извлече Словачка од Европската унија и НАТО“.

„Се истражуваат и финансиските текови, како се финансирало, организирало, кој стои зад сето тоа. Тоа е глупост“, рече Фицо.

Тој посочи дека проблем е „суверениот однос на власта“ во надворешнополитичките работи.

„Овие протести не се организирани 100 отсто од опозицијата, бидејќи оваа маса е поддржана од некој друг – невладините организации финансирани од странство како што е „Мир за Украина“. И идентификувавме група инструктори од неколку земји кои прецизно наредуваат да се измислува приказна, да повикуваат луѓе и да „организираат судири со полицијата за да почне да ги окупира владините институции“, тврди Фицо.

Тој додаде дека овој план е веќе објавен во медиумите, па може да зборува за него.

Како што оцени, „(украинскиот) модел на Евромајдан не е ништо ново“. Фицо изјави дека групата странски ментори ја сочинуваат десетици луѓе.

„Утврдуваме кога влегле на територијата на Словачка, каде одат, што прават, бидејќи вршат активности чија задача е да ја урнат оваа држава“, рече словачкиот премиер, додавајќи дека претседателот Петер Пелегрини го прашал да го свика Советот за безбедност.

Тој истакна и дека нападот на катастарот не е случаен и дека целта е да се влее страв дека граѓаните ќе го загубат својот имот.

Овие луѓе професионално лажат, потпомогнати од опозицијата и антивладините медиуми“, вели Фицо.

Тој изјави дека во петокот имало масовен сајбер напад врз ДСЗ, чија цел, како што тврди, била да се извлечат лични податоци од осигурителната компанија.

„Не сакам никој да ја поткопува Словачка само затоа што не му се допаѓа мислењето на владата за Украина“, предупреди Фицо.

Тој нагласи дека не планира да поднесе оставка во врска со протестите и дека за резултатите од изборите не одлучуваат улиците, туку парламентарните, „а ако има промена на власта, тогаш тоа треба да бидат избори – дали вонредни или редовни“.

Би можело да ве интересира

Гренел за протестите во Србија: Новата американска влада не ги поддржува оние кои насилно ја преземаат власта

А1он

Жесток разговор на Трамп и данската премиерка за Гренланд

А1он

Закани кон Орбан: Ќе има последици ако не поддржиш санкции за Русија

А1он

Зеленски го поддржа соборувањето на Фицо

А1он

ВИДЕО: Руски патнички авион излета од пистата

Предраг Петровиќ

Киев ја спушта границата, во војна од 18 години

А1он