Следната недела во Британија ќе бидат достапни 800.000 дози вакцина

Од:

Министерот за здравство на Велика Британија Мет Хенкок најави дека следната недела во земјата ќе бидат достапни 800.000 дози вакцина од компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“.

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска рече дека вакцинациите треба да бидат доброволни и дека Владата нема да воведе обврска за вакцинација.

– Силно ги охрабрувам луѓето да се вакцинираат, но тоа не е во нашата култура и не е наша амбиција да препишеме задолжителна вакцинација. Така не ги правиме работите, рече Џонсон.

Тој додаде дека веста дека британското регулаторно тело ја одобрило употреба на вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ е „фантастична“ и оцени дека вакцинацијата ќе придонесе за рестартирање на британската економија.

– Вакцинацијата ќе ни овозможи да се вратиме во нормалниот живот и повторно да ја придвижиме нашата економија, рече Џонсон.
На Твитер тој напиша дека „вакцината ќе биде достапна низ Велика Британија од следната недела“ и додаде дека „заштитата на вакцините ќе овозможи да продолжиме со животот“.

Првиот човек на медицинска професија во Велика Британија, Крис Вити најави дека до пролет следната година би требало да заврши вакцинацијата на здравствено најзагрозените Британци.

Велика Британија прва во светот ја одобри употребата на вакцината против коронавирусот на компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“.

– Владата денеска ја прифати препораката на Агенцијата за лекови и здравствени производи и одобри употреба на вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“, објави британската Влада

Откако беше потврден првиот случај на коронавирус на 31 јануари 2020 година, речиси 60 000 луѓе починаа од вирусот во Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Русија разви вакцина против новите варијанти на коронавирусот

Катерина Ѓуровски

Германец примил 87 вакцини против ковид

Војската на САД работи на моќна супер-вакцина против коронавирус

Четвртата доза ја зголемува заштитата од тешка форма на Ковид-19 за трипати покажува израелска анализа

Досега во светот се администрирани повеќе од девет милијарди вакцини против Ковид