Следната недела средба меѓу папата и рускиот патријарх на Куба

Од:

Папата Франциско и поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил следната недела ќе се сретна на Куба, соопшти денеска потпаролот на Ватикан, Федерико Ломбарди.

– Средбата ќе се одржи на 12 февруари, нагласи Ломбарди.

Како што јави Танјуг, ова ќе биде прва средба на еден римски папа и еден руски патријарх во историјата.

Папата Франциско ќе престојува во посета на Мексико од 12 до 18 февруари, но на патот кон Мексико Сити ќе застане во Куба и ќе се состане со патријархот Кирил на аеродромот во Хавана.

Според најавите од Ватикан, за време на средбата папата и патријархот ќе потпишат и заедничка декларација.

Првата средба на поглаварите на Римокатоличката и на Руската православна црква, медиумите ја оценуваат како прв голем чекор кон надминување на речиси илјадагодишниот раскол што датира од поделбата на христијанската црква во 1054 година.

Би можело да ве интересира

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта