Посетата во вечниот град не е целосна без познатиот италијански сладолед, но ова задоволство на неколку англиски туристи им беше наплатено околу 65 евра.
Жалбата кои што туристите ја поднеле поради овој случај во Италија, повторно ја отвори расправата за тоа дека многу продавници и угостителски објекти користат ситуции на илјадници туристи своите услуги да им ги наплаќаат по многу повисока цена од онаа која што се наоѓа дури и во ценовниците во самите објекти.
Четири англиски туристи биле запрепастени кога за четири сладоледи сметката изнесувала близу 65 евра.
-Кога плативме, не ни кажаа ниту фала-изјави еден од туристите кој во италијанските медиуми го раскажа ова случување, држејќи ја во раце сметката на која што стои сумата која што требало да ја платат.
Менаџерот на локалот потврдил дека на туристите им се наплатени 65 евра за четири сладоледи, но дека во прашање биле големи корнети па цената биле сосема во ред.
-Јас не ви зборувам за една или две топки сладолед, тоа навистина беа големи корнети, никој не ги тераше да земаат толку големи сладоледи. Имаме и мали кои што чинат 2,5 евра, а сите цени се истакнати на видливи места во локалот-наведе тој.
Официјални лица од општината по повод овој случај изјавија дека е срамота што на англиските туристи им се наплаќа повеќе и дека овие работи не нанесуваат штета само на Рим, туку и на цела Италија.
-За мене тоа е скандал и така треба да се третира-изјави пратеник во градското собрание, Матео Костантини.
Ова не е прво случување, во 2009 година еден популарен ресторан во градот на јапонски пар им наплати вечера од 695 евра.
Елена Георгиевска