Пратеникот на британската владеачка Конзервативна партија, Марк Причард (48) е уапсен од полицијата во центарот на Лондон, откако претходно беше обвинет за „силување“.
Скотланд Јард го потврди апсењето, а полицијата за случајот го извести Спикерот на британскиот Парламент Џон Беркоу.
Во писмото до Беркоу, полицијата вели дека апсењето било извршено уште пред два дена во раните утрински часови. Причард бил задржан четири часови во полициска станица во центарот на Лондон, а потоа ослободен ссо кауција.
Пратеникот ќе мора да се појави на ново сослушување во средината на јануари идната година, кога ќе се определи дали против него ќе се покрене и формално обвинување за силување.
Во соопштението на Скотланд Јард се вели дека пратеникот Причард самиот се согласи да дојде на сослушување, но дека за полицијата тој се третира како уапсен.
Засега нема други детали за случајот, како што нема реакција ниту од владечаката партија на премиерот Дејвид Камерон.
Марк Причард е пратеник за ториевците од 2005 година.