Идната недела во Велика Британија ќе биде објавен Предлог-закон, се кој на британската полиција ќе и се овозможи да го проверува историјатот на посети на сите страници на ннтернет од страна на државјаните на Обединетото Кралство, објави лондонскиот весник „Индепендент“.
Со законот, телекомуникациските компании и интернет провајдерите ќе бидат обврзани да го чуваат историјатот на интерент посети на своите корисници во период до 12 месеци.
Законските одредби ќе им овозможуваат на полицијата, но и на разузнавачките служби, со претходно судско одобрение, да имаат пристап до податоците каде ќе бидат регистрирани сите посети на интернет страниците на британските граѓани, но и нивните електронски писма и пораки на социјалните мрежи.
– Треба да знаеме „кој, каде, кога и што“ комуницирал, кој нешто иницирал и кога и каде се случило нешто, изјави полицискиот началник Ричард Бери.