Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж е повикан од Скотланд Јард, утре на пладне да се јави во полициската станица во центарот на Лондон. Писмо со покана за сослушување е испратено до aмбасадата на Еквадор во британскиот главен град, како и лично до Асанж.
Овој поранешен австралиски хакер, веќе осум денови се крие во еквадорската aмбасада, каде побара политички азил, откако избега од станот што судот му го определи за живеење, според одредбите на одлуката да му се овозоможи да се брани од слобода, со платена кауција, додека трае судската постапка околу неговата екстрадиција во Шведска.