Скоро половина од возрасните луѓе во Британија се здебелиле за време на пандемијата

Од:

Повеќе од 40 проценти од возрасните луѓе во Англија ја покачиле телесната тежина за време на пандемијата, добивајќи во просек нешто повеќе од три килограми, покажаа резултатите од најновото истражување на Британскиот институт за јавно здравје.

Институтот анкетираше 5.000 луѓе, а оценката е дека заклучувањата поради пандемијата и нарушената дневна рутина имале негативно влијание врз одржувањето на кондицијата и здравата исхрана кај многу луѓе, пренесува Би-Би-Си.

Грицките и компулсивното прејадување имаат најголемо влијание врз дебелеењето.

Институтот затоа започна кампања „Подобро здравје“ со Националната здравствена служба, најавувајќи разни форми на поддршка при мотивирање на луѓето, како и помош во одржување на здравата тежина.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година