Скелетот на англискиот крал Ричард III пронајден под паркинг

Од:

Скелетот, кој во септември минатата година е пронајден во централна Англија, припаѓа на англискиот крал Ричард III, соопштија експертите од универзитетот Лестер.

Шефот на оделот за археолошки истражувања, Ричард Бакли, рече дека според ДНК тестови е утврдено дека скелетот е на Ричард III, кој починал во 1485 година.

Ова ќе биде нова ера за Ричард III. Сигурно ќе поттикне повеќе интерес. Се надевам дека луѓето поотворено ќе гледаат на Ричард III, рече Линда Пиџон, од Друштвото кое ги проучива животите на сите историски личности.

310773_ricard-01-ap_ff

Универзитетот Лестер објави фотографија од скелетот, а археологот Џо Еплби изјавил дека скелетот е во добра состојба. Фактите поради кои се верува дека е во прашање англиски крал од династијата Јорк се неправилностите на кичмата и повредата на черепот, за која се верува дека му е нанесена на кралот во битката кај Босфорт во 1485 година кога починал.

Со неговата смрт завршува ерата на династијата Јорк, а почнува ерата на династијата Тјудор.

Тимот археолози го пронајде скелетот на место на кое во 15тиот век имало Црква, 160 километри северно од Лондон. Денес на тоа место има паркинг.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство