Скелети и изгорени коски во пустина – страшен доказ за војната меѓу мексиканските кланови

Од:

Волонтери на невладината организација „Мајки во потрага“ пронајдоа два остатоци од скелети и купишта изгорени делови од коски на „тајно место за отстранување на тела“ во пустината на северната мексиканска држава Сонора.

Тие не прецизираа колку тела се пронајдени, а државните обвинители изјавија дека се работи за коски на три или четири лица.

Волонтерите на Сонора се главно мајки кои ги бараат своите исчезнати деца.

Локацијата во Санта Ана ја нарекоа „логор за истребување“ и објавија видеа од черепи, остатоци од коски и облека што ја ископале од јами.

Во Сонора имаше крвави борби меѓу нарко-картелите, а според владини податоци, во Мексико се исчезнати повеќе од 95.000 луѓе.

Повеќе од 93.000 луѓе исчезнаа од 2006 година, кога владата започна војна против организираниот криминал.

Се верува дека повеќето од нив биле убиени од нарко-картели, а нивните тела биле фрлени во плитки гробници, запалени или растворени, пишуваат локалните медиуми.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ

Еден од најозлогласените нарко босови ослободен од американски затвор

Горан Наумовски

Путин е поканет на инаугурацијата во Мексико, дали се обврзани да го уапсат ако дојде

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маринец скокна од хеликоптер, падобранот не се отвори