Само едно шведско претпријатие кое најави дека ќе поднесе полициска пријава против испорачател, откако беше обелоденет скандалот со коњско месо во прехрамбени производи пролетоска, навистина превзело конкретни чекори во таа насока.
– Сфативме дека такво нешто не беше вредно во однос на времето и парите неопходни за сето тоа, имајќи предвид дека би имале долг правен процес, вели Аника Молин, одговорна за контакти со медиумите при „Финдус“.
Но, според Молин, „Финдус“ сепак ја прекинал соработката со испорачателот кој бил посочен во медиумите за злоупотреби со коњско месо.
Само шведското претпријатие „Дагфардс“ поднело полициска пријава, но јавниот обвинител сепак ја запрел предистражната постапка за проневера.
Во повеќе други земји, меѓу другото во Велика Британија, Франција и Холандија, скандалот со коњско месо беше проследен со повеќе апсења, пишува „Свенска дагбладет“.