Скандал за сексуално злоставување во Шведската акдемија која ја доделува Нобеловата награда

Од:

Шведската академија која ја доделува Нобеловата награда за литература соопшти дека истрагата утврдила дека се случило „неприфатливо однесување во форма на несакана интимност“ во нејзините редови.

Осумнаесетчленото тело е потресено од скандал за сексуално злоставување поради што шест членови ја напуштија Академијата.

Премиерот на Шведска, Стефан Лофвен, кралот Карл Шеснаесети Густав и Нобеловиот одбор изразија загриженост поради скандалот.

Академијата им порача на адвокатите да ги истражат тврдењата на 18 жени против Жан-Клод Арно, сопруг на поетесата катарина Фростенсон, која поднесе оставка мината недела.

Комитетот има 18 членови, кои доживотно се на функција и технички не им е дозволено да поднесат оставка.

Во 1989 година тројца членови поднесоа оставка бидејќи Академијата одби да го осуди иранскиот ајатолах Рухолах Хомеини, кој повикуваше на убиство на писателот Салман Ружди поради „Сатански стихови“.

Би можело да ве интересира

Повеќето од жртвите на масакрот во Шведска се имигранти, сè сугерира дека нападот не е случајност

Државјанка на БиХ e убиена во масовно пукање во Шведска, нејзин сонародник е тешко ранет

Горан Наумовски

Убиецот од Шведска кој направи масакр: Со години носеше качулка и ги држеше рацете преку устата

А1он

Млад маж од Босна и Херцеговина e ранет во пукањето во училиштето во Шведска

Горан Наумовски

Шведска: Најмалку 11 лица загинаа во пукање во училиштето во Оребро

Горан Наумовски

После масакрот во Шведска: Извршени се рации на повеќе локации во Оребро