„Скај њуз“: Путин ги покажа Донецк, Луганск, Запорожје и Херсон како руски територии

Од:

„Скај њуз“ забележа нешто „чудно“ на големата мапа над рускиот претседател Владимир Путин, кој денес ја одржува својата традиционална „директна линија“ и ги сумира резултатите од 2025 година.

Потсетете се дека Путин доби над 2,5 милиони прашања, а денешното големо обраќање до нацијата е 22-ро по ред.

Неговите одговори се емитуваат во живо на сите руски канали, како и на многу светски медиуми.

Така, Скај њуз забележа дека на големата мапа на Русија зад Путин, кога ќе ја погледнете нејзината крајна лева страна, не е прикажан само Крим, туку заедно со полуостровот што беше анектиран во 2014 година, има и четири украински региони што Москва ги анектираше во 2022 година – Донецк, Луганск, Запорожје и Херсон.

Британската телевизија вели дека руските сили сè уште не ги освоиле целосно овие територии, но дека тоа не го спречило Путин да ги прикажува како руски.

Се наведува дека со тоа, шефот на Кремљ како да испраќа сигнал дека нема намера да се откаже од нив.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Белорусија мора да ја демонтира опремата што ѝ помага на Русија

Има загинати и повредени во руски напад врз Полтавa

Четворица загинаа, 28 се повредени во напад со украински дрон на Крим

Зеленски: Украинските сили ја погодија руската воена логистика, нафтената индустрија и системите за воздушна одбрана

Ушаков: Русија не очекува спроведување на договорот од Анкориџ, туку победа

Лавров: Властите на ЕУ се обидуваат да ги одвратат САД од постигнување трајно решение за Украина