Скај њуз: Документите на ФБИ сугерираат дека Трамп знаел за однесувањето на Епштајн

Од:

Новооткриен документ на ФБИ сугерира дека американскиот претседател Доналд Трамп ѝ кажал на полицијата дека знае за однесувањето на осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн.

Документот, објавен во најновата серија досиеја на Епштајн, е транскрипт од интервју на ФБИ од 2019 година со поранешен полицаец од Палм Бич, Флорида, кој во тоа време рекол дека Трамп му се јавил во врска со истрагата за покојниот финансиер и рекол: „Фала му на Бога што го запираш, сите знаат дека го правел тоа“, објави Скај њуз.

Името на полицаецот наводно е избришано од досието, но Мајкл Рајтер, кој се пензионираше како началник на полицијата во 2009 година, во тоа време изјавил за „Мајами Хералд“ дека го примил повикот.

Би можело да ве интересира

Иран: Подготвени сме за американските трупи, ќе ги запалиме

ВИДЕО: Пентагон се подготвува за повеќенедели копнени операции во Иран, пишува Вашингтон Пост

Трамп: Тврдењата дека Моџтаба е хомосексуалец е лош почеток за иранското раководство

(ВИДЕО) Трамп им се потсмева на Иранците: „Никој не сака да биде следен врховен лидер“

Израел има малку време за напади на Иран пред евентуалното примирје од САД

Трамп сака брзо да ја заврши војната со Иран, постави рок

Катерина Ѓуровски