Ситуацијата со коронавирусот во Шведска е многу сериозна, ќе има построги препораки

Од:

Бројот на случаи со Ковид-19 во Шведска рапидно се зголемува и ситуацијата е многу сериозна, изјави денеска премиерот Стефан Лофвен, најавувајќи построги препораки за уште три региони.

Новите регионални упатства значат дека 70 проценти од Швеѓаните сега ќе живеат под построги, иако сè уште доброволни, препораки кои вклучуваат работа од дома, ако е можно, и избегнување јавен превоз, трговски центри и теретани. Лофвен рече дека заедничките вечери во рестораните ќе бидат ограничени на осум лица.

-Имаме многу сериозна ситуација. Се повеќе кревети за интензивна нега сега се користат за лекување пациенти со Ковид. Одморот што го добивме ова лето заврши, рече Лофвен на прес-конференција.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 10 рачни гранати биле пронајдени во ранецот на 15-годишно момче во Малме

Шведска реновира десетици илјади засолништа низ целата земја

Уште двајца повредени во пожарот во Кочани се транспортирани во болница во Шведска

Наставник ги казни учениците, им залепи лента на устите

А1он

(ВИДЕО) Шведска на Евровизија ја претставуваат Финците кои пеат за сауни

Повеќето од жртвите на масакрот во Шведска се имигранти, сè сугерира дека нападот не е случајност