Сите се прашуваат каде е Пригожин

Од:

Откако доцна во саботата беше виден како го напушта окружниот воен штаб во Ростов, стотици километри јужно од Москва, сега не се знае каде се наоѓа платеничкиот водач Евгениј Пригожин, јавуваат светските агенции.

Тешко вооружените руски платеници се повлекоа од јужниот руски град Ростов во текот на ноќта, откако го запреа нивното напредување кон Москва според договорот со кој заврши кризата што претставуваше невиден предизвик за авторитетот на претседателот Владимир Путин.

Според договорот, со посредство на белорускиот претседател Александар Лукашенко, борците на групата Вагнер би се вратиле во своите бази во замена за безбедносни гаранции, а нивниот лидер Евгениј Пригожин би се преселил во Белорусија. Тој беше виден како го напушта окружниот воен штаб во Ростов доцна во саботата со спортско возило, но неговата локација не е позната денес, објави британската новинска агенција Ројтерс.

Француската новинска агенција АФП напиша дека Пригожин мора да замине во Белорусија, а не се знае во недела наутро, кога е закажано тоа заминување, каде е шефот на Вагнер. Борците на Вагнер се повлекуваат од регионот Воронеж, кој граничи со Украина, соопштија во неделата локалните власти, наведувајќи дека повлекувањето се одвива „без инциденти“.

Главниот град Москва беше тивок во неделата, по договорот за деескалација, со малку докази за зголемена безбедност на улиците. Понеделник е прогласен за неработен ден за да се остави време работите да си дојдат на свое место.

Чеченските специјални сили кои беа распоредени во руската област Ростов за да се спротивстават на напредувањето на платеничката група Вагнер, исто така, се повлекоа во неделата, објави новинската агенција ТАСС, повикувајќи се на командант на силите.

-Специјалците се враќаат таму каде што се бореле претходно, изјави командантот Аптиј Алаудинов, пренесе агенцијата.

Би можело да ве интересира

Предупредување од Москва: Подгответе се, доаѓаме по вас

Катерина Ѓуровски

Британија нема да дозволи Украина да гаѓа цели во Русија без согласност на САД

На Шолц му е кажано: „Русија е непобедлива“

ВИДЕО: Русија го нападна Киев

Катерина Ѓуровски

Русите брзо напредуваат кон клучниот град. „Ситуацијата е критична, преземаме голем ризик“

Украински медиуми: Русија донесе рекорден број бродови во Црното Море