Сите сакаат во Германија

Од:

Веста дека Германија има намера годишно да издаде 20.000 работни дозволи за луѓе од Западен Балкан, дополнително охрабри могумина, пред се млади, да бараат работа во странство

21 септември 2015 

Дојче веле – Берлин

Нови 20.000 работни места годишно за луѓето во земјите од Западен Балкан, тоа звучи како повик да се отпатуваат во „ветената земја‟. Многу во Србија, Босна и Херцеговина, на Косово, во Црна Гора, Македонија и Албанија мислат дека Германија е земја во која тие би можеле да најдат подобар живот.

На Косово, од каде последните неколку месеци во Германија одат многу т.н. „балкански бегалци‟, најавата на германската министерка Андре Налес се толкува како проевропски импулс. Претседателот на Стопанската комора на Косово Сафет Герџалију оцени дека таа идеја, ако Берлин ја оствари, би имала позитивен ефект на Косовците.

– Тоа би значело дека сме дел од Европа, но исто така би имало ефект и на економската димензија. Ако веќе нема директни инвестиции на Балканот, на овој начин некои процеси би можеле да се олеснат или забрзаат. Економската состојба на Косово не е добра и се помалку има странски инвестиции. Можноста за вработување во Германија за многу млади луѓе од Косово би била ронка надеж, вели Герџалију.

„Кој еднаш ќе замине, никогаш не се враќа‟

Меѓутоа, македонската професорка по економија Марија Зарезанкова-Потевска, не гледа на тоа позитивно и предупредува на негативните последици од иницијативата на германската министерка.

Иако директната миграција на работната сила значи кратокорочно лабавење на пазарот на трудот дома, бидејќи би оделе и неквалификуваи работници и тие кои не се вработени, од друга страна може да дојде до промена на демографската структура на „тие мали земји‟, вели таа.

Ако се дозволи земјата да ја напуштат луѓе кои таму се образовани, мора да се биде свесен и за тоа дека тие повеќе нема да се вратат, додаде нашата соговорничка. Затоа е важно за тие луѓе долгорочно да се најдат „решенија во нивните земји‟.

Предлогот на германската министерка беше логична одлука, вели Ерол Мујановиќ, експерт за пазарот на трудот од Босна и Херцеговина. Гастарбајтерите од Балканот во странство се докажаа како вредни и во Германија се многу добро интегрирани. Работниците од земјите на Западен Балкан за германското стопанство беа „полн погодок‟, оценува Мујановиќ.

И тој е свесен дека одењето на млади работници би значело загуба за нивната татковина. – Секако подобро е да работат во Германија, отколку да бидат невработени во Босна и Херцеговина, додава тој.

Мујановиќ потсетува и на девизите кои тие нови гастарбајтери би ги праќале на роднините во матичните земји и со тоа ќе го поттикнат тамошното стопанство.

Што подалеку од Балканот

Проценката на Мујановиќ веројатно се одразува на мислењето на многу жители на земјите во кои веќе со години владее висока стапка на невработеност. Се смета дека само во Босна и Херцеговина работа немаат дури 50 отсто млади. Косово и натаму е меѓу најсиромашните земји на континентот, а перспективата за младите во Македонија, Албанија и Србија исто така не е добра.

Тоа добро се гледа и по реакциите на предлогот на госпоѓа Налес на социјалните мрежи. Студент од Сараево на Фејсбук напиша дека ако може веднаш би заминал, само повеќе да не ги гледа „нашите политичари‟. Тој би сакал што подалеку од „простиот Балкан‟.

Други пак идејата за фиксните контигенти на работни дозволи го сметаат за глупост и истакнуваат дека на секој начин треба да се обидат да најдат работа во Германија.

Социјалните мрежи ја шират веста

На социјалните мрежи има и коментари во кои се пренесува личното искуство во наоѓање на работа во Германија. Се потсетува на тоа дека треба да се исполнат многу предуслови. На Фејсбук страницата на Дојче веле на српски, прилогот за иницијативата на министерката Налес, во многу кус рок беше споделен над сто пати.

Заминувањето на младите луѓе од земјите од Западен Балкан веројатно не може да се спречи. Германија очигледно им е најпривлечна. Ако тоа не им успее, многу млади ќе се обидат да најдат среќа некаде на друго место, секако на Запад и што подалеку од Балканот.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ