Полицијата во Квебек смета дека сите лица кои беа прогласени за исчезнати по железничката несреќа во гратчето Лак Межантик, најверојатно се мртви, изјави синоќа полицискиот портпарол Мишел Форже.
Тој истакна дека вкупниот број на загинати и исчезнати не е 60, туку 50. Според него, пронајдени се телата на дваесет лица.
Директорот на американската железничка компанија „Монтреал, Мејн, Атлантик Рејлвеј“, чиј товарен воз со 72 цистрени нафта пред два дена излета од шините во центарот на градот Лак-Межантик во канадската провиниција Квебек, на 250 километри источно од Монтреал, ги обвини пожарникарите за железничката несреќа, што е најтешката во поновата историја на Канада.
Едвард Буркхарт обвинува дека пожарникарите дека ги ослободиле кочниците кога возот бил запрен во Нант, на околу 13 километри од Лак-Межантик, за промена на машиновозачот и останатиот персонал. Пожарникарите биле повикани да изгаснат помал пожар во еден од петте вагони на возот.
Шефот на пожарникарската служба во Нант Патрик Лембер ги отфрли обвиненијата на Буркхарт и нагласи дека 12-те пожарникари што работеле на гаснење на пожарот ги следеле сите соодветни работни постапки.
Во експлозијата се уништени четири кварта, вклучително 30 објекти, меѓукои и библиотека, а околу 2.000 жители се евакуирани. Лак-Мегантик е мал град со околу 6.000 жители.