Сите 15 членови на екипажот вклучени во навигацијата на јужнокорејскиот траект кој потона со 302 патници се во притвор, соопшти јужнокорејското Обвинителство.
Обвинителот Јанг Јунг-јин изјави дека четворица членови на екипажот се уапсени денеска, додека 11 членови меѓу кои и капетанот приведени се претходно. Тие се обвинети за немарноста и оти не им помогнале на патниците при потонувањето на траектот на 16 април.
Капетанот им кажал на патниците да останат во кабините и поминало половина час до наредбата за евакуација.
Десет дена по потпонувањето на 187 тела се извлечени од бродот, а 115 лица се уште се водат како исчезнати.