Системот за противракетна одбрана во Јужна Романија не е насочен против Русија

Од:

Противракетниот систем Иџис, што до крајот на годината треба да биде распореден во воената база Девеселу во јужниот дел на Романија, не е насочен против Русија, изјави денеска романскиот министер за надворешни работи Богдан Ауреску.

Тој рече дека системот „не е насочен против Русија, не е нападен, туку одбранбен, не може да ги загрози руските можности за нуклеарно вооружување и во целина не претставува проблем или закана за Русија од ниту еден аспект“.

Министерот истакна дека Романија е членка на НАТО и на нејзина територија присуствуваат соодветни контингенти на САД и на другите сојузници, кои учествуваат во мерките за безбедност, одредени од НАТО на средбата на врвот во Велика Британија минатата година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хаос во Букурешт по забраната за Георгеску да биде претседателски кандидат

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Во Романија уапсен прорускиот претседателски кандидат

Катерина Ѓуровски

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он