Сиси: Антитерористичката акција не треба да се ограничи само против ИД

Од:

Акцијата на меѓународната антитерористичка коалиција не треба да биде ограничена само на борба против џихадистичката група Исламска држава, изјави синоќа египетскиот претседател Абдел Фатах Ал Сиси на средба со американскиот државен секретар Џон Кери во Каиро.

– Идната меѓународна коалиција треба да му се спротивстави на тероризмот насекаде каде што тој постои на Блискиот Исток и во Северна Африка, порача Сиси.

Во соопштението од неговиот Кабинет се посечува дека Сиси на средбата му порачал на Кери дека е вознемирен поради учеството на странци во редовите на Исламската држава кои претставуваат закана за своите и за други држави, бидејќи со нивните „западни пасоши можат слободно да минуваат низ меѓународните аеродроми“.

Според тајните служби во Каиро, во редовите на Исламската држава и други славистички групи во Сирија и Ирак се борат поголем број Египќани кои се припадници на египетските организации Ансар Бајт ал Макдис и Муслиманско братство.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот во Германија

A1on

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро