Сиромаштијата во Бангладеш во пораст поради зголемениот број бегалци Рохинџи

Од:

Локалните жители на областа Кокс Базар во Бангладеш се соочуваат со зголемена несигурност во храна и други ресурси поради приливот на бегалци Рохинџи, се наведува во извештајот на Глобалната мрежа против прехранбени кризи.

Доаѓањето на бегалците од Ракхин ја влоши состојбата во една од најсиромашните и најранливите области во Бангладеш, каде што повеќето локални домаќинства заработуваат за живот на мали земјоделски површини од околу еден хектар или помалку и од риболов.

– Најмалку 100 хектари земјиште во Текнаф и Укхиј сега се претворени во бегалски населби или стануваат некорисна почва поради ерозија од планинските падини, се наведува во извештајот на мрежата.

Поради бегалските населби оштетени се околу 2.000 хектари шумска површина, чија локална заедница е лишена од приходи од шумски ресурси.

Локалната заедница од шумите секојдневно собира околу 750.000 килограми дрва, вегетација и корени, што ги користи како гориво за приготвување храна.

– Процентот на сиромашни домаќинства или оние со маргинална потрошувачка на храна значително се зголеми од 31 отсто во 2017 година на 80 отсто во периодот од август до септември 2018 година, се наведува во извештајот.

Глобалната мрежа против прехранбени кризи во 2016 година ја основаа Европската унија, Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) на Обединетите нации и Светската програма за храна на ОН.

Би можело да ве интересира

Нобеловец ќе ја предводи привремената влада на Бангладеш

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос во Дака, војската е на улиците, воведен е полициски час, над 100 лица загинаа

Во Бангладеш 15 лица починаа поради жештините

Горан Наумовски

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Бангладеш

Горан Наумовски

Голем пожар во Дака, изгоре комплекс за малопродажба на текстил со 3.000 продавници