Сириските Курди се заканија дека ќе одговорат на турските напади

Од:

Силите предводени од сириските Курди денеска најавија дека ќе возвратат на серијата напади од турските воени авиони, кои во текот на ноќта ги погодија областите под нивна контрола во североисточна Сирија.

– Овие напади на турските сили нема да останат без одговор … Ќе одговориме ефективно и ефикасно во вистинско време и место, се вели во соопштението на Сириските демократски сили (СДФ).

Турското Министерство за одбрана претходно денеска соопшти дека земјата извршила воздушни напади врз северните региони на Сирија и Ирак, чии цели биле курдските групи кои Анкара ги смета за одговорни за минатонеделниот смртоносен бомбашки напад во Истанбул.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

„Њујорк Тајмс“: Постојат сомневања дека има повеќе од 100 локации со хемиско оружје во Сирија