Киднаперите на двајцата руски граѓани и еден Италијанец побараа откуп за да ги ослободат заложниците, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
Заедно со руските државјани В. В. Горелов и Абдесатар Хасу беше киднапирани и Италијанецот Марио Белуомо. Хасу има и сириско државјанство.
Тројцата се киднапрани вчера додека патувале со автомобил од Хомс за Тартус. Тие се вработени во сирискиот завод за преработка на челик „Хмишо и С-ие“ во индустриската зона Хасија во близина на Хомс.
Претходно, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека Москва ги презема сите неопходни чекори.
– Активно дејствуваме за случајот. Преземени се сите неопходни чекори во Сирија и во други држави, кои можат да имаат влијание врз ситуацијата, посочи Лавров.