Сирискиот опозициски Преоден национален совет денеска ги обвини дека владините сили за употреба на хемиско оружје во населбите Хареста, Дума и Адра во Дамаск, при што наводно биле затруени повеќе стотици лица, меѓу кои има жени и деца.
Советот тврди дека луѓето кои дожле во контакт со гасот чувствувале гушење и имале намалени очните зеници, краток здив и ослабен видот, а некои имале и привремено губење на меморијата.
Во меѓувреме, бунтовничкиот Комитет за локална координација во Сирија соопшти дека припадници на огранокот на Ал Каеда,
Исламска држава во Ирак и на Левантот, го бомбардирале воениот аеродром Миниг во Алепо, а потоа извршиле самоубиствен бомбашки напад врз зграда во која се наоѓале офицери. Комитетот додаде дека се уште не е познат бројот на жртвите во нападот.