Сириските бунтовници бараат меѓународна истрага за „масакрите на Асад“

Од:

Сириската опозициска Национална коалиција упати апел до ОН да ги испитаат „бројните на масакри“, што според оваа најзначајна бунтовничка група, во текот на рамазанскиот пост ги извршиле припадници на силите лојални на претседателот на Сирија, Башар ел Асад.


Коалицијата воедно изразува и подготвеност да соработува со секоја „независна истрага за наводните злосторства извршени од страна на опозициските сили“.


Барањето на Националната коалиција следи два дена откако високиот претставник на ОН за човекови права, Нави Палај во петокот побара да биде спроведена истрага за масовните убиства на сириски војници, што изминатава недела ги извршиле бунтовниците во северниот дел на Сирија.


– Неопходно е да биде спроведена детална независна истрага за да се утврди дали се извршени воени злосторства, а одговорните за тие злосторства да бидат казнети, изјави Пилај, додавајќи дека информациите што доаѓаат во врска со борбите за контролата врз селото Кан ал-Асал крај Алепо, се „многу шокантни“.


Таа потенцира дека според информации објавени од опозициски активисти, во реонот се ликвидирани 30 лица, во најголемиот дел припадници на владините сили, како и дека од една таква ликвидација на владини војници бунтовниците имаат направено и видео запис.


Пилај нагласи дека според податоците до кои дошла нејзината Канцеларија, бројот на убиените околу Кан ал-Асал е многу поголем.


– Опозициските сили не треба да мислат дека имаат имунитет од кривично гонење. Тие мораат да ја исполнуваат својата одговорност во согласност со меѓународното право, потенцира Пилај.


Националната коалиција сега бара од Пилај „итно да отпочине истрага за злосторствата на Асад“, со кои, според групата, се прекршени меѓународните закони за хуманитарни и човекови права. Коалицијата обвинува дека владините сили употребувале балистички ракети, отровни гасови и друго хемиско оружје, како и дека вршеле егзекуција и палење на цивили со тоа што мети на нивните напади биле градови, села, училишта, болници, засолништа и верски објекти.


Според податоците на ОН, од почетокот на граѓанската војна во Сирија, пред повеќе од дев година, па досега, загинале над 100.000 лица, а неколку милиони биле принудени да ги напуштат своите домови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија