Сириски опозициски групи денеска ги обвинија владините сили дека извршиле напад со отровен гас во близина на Дамаск, при што загинале десетици луѓе.
Според Сирискиот центар за набљудување на човековите права нападот бил насочен врз предградијата Замалка, Арбин и Еин Тарма. Според организацијата во нападот се убиени десетици луѓе.
Локалните координативни комитети соопштија дека при нападот загинале или се повредени стотици луѓе. Според нивните податоци најмалку 30 лица биле пренесени во болница во квартот Кафр Батна.
Според двете групи силите на режимот употребиле ракети со отровен гас. Телевизијата „Ал Арабија“ објави дека при нападот се убиени најмалку 500 лица.