Сирискиот огранок на Ал Каеда презеде одговорност за нападот во Дамаск

Од:

Огранокот на Ал Каеда во Сирија, фронтот Фатах ал Шам денеска презеде одговорност за вчерашниот двоен бомбашки напади во Дамаск, при кој, според последните податоци, загинаа 74 лица.

Како што јави ДПА, групата Комитет за ослободување на Левантот, која е дел од фронтот Фатах ал Шам, во соопштение објавено на интернет тврди дека нападот го извеле двајца нејзини бомбаши самоубијци.

Во соопштението се наведува дека цел на нападот биле „проирански и провладини сириски милитантни групи“ и дека тој бил насочен против „главниот поддржувач“ на сирискиот претседател Башар Асад – Иран.

Вчера при експлозија на две бомби на гробиштата во стариот дел на Дамаск загинаа 74 лица, а над 100 други беа ранети. Според сириските власти, поголемиот број од жртвите биле ирачки шиити.

Би можело да ве интересира

„Њујорк Тајмс“: Постојат сомневања дека има повеќе од 100 локации со хемиско оружје во Сирија

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

(ВИДЕО) Нов израелски напад врз Сирија

Ахмед Ал Шара: Сирија има капацитет да преживее

За два дена во Сирија се убиени повеќе од 1.000 луѓе

Масакр во Сирија: Убиени над 340 цивили, тврди Сириската опсерваторија за човекови права