Сирискиот премиер Ваел ал Халки денес повика на мобилизација на националните ресурси поради зачувување на основните државни сервиси во случај на воен напад од САД и нивните сојузници.
Ал Халки истакна дека овие чекори се потребни за да се надмине каква било вонредна ситуација и за да се спречи непријателот да влијае државните сервис, особено снабдувањето со електрична енергија, водата за пиење, комуникацијата, испораката на храната и нафтата.
-Владата се обидува да ги осигура резервите храна, лекови и наведените сервиси. Пекарите продолжуваат да работат 24 часа дневно за да ги задоволат потребите на граѓаните-изјави тој.
Елена Георгиевска