Сириски хеликоптер отвори оган врз град во Либан

Од:

Хеликоптер на сириското Воено воздухопловство денеска истрела три ракети врз градот Ерсал, кој се наоѓа во северниот дел на Либан во близина на границата со Сирија, соопшти претставник на либанските безбедносни сили.

Според истиот извор, една од ракетите паднала во самиот ценатар на Ерсал, но засега нема информации за жртви.

Ова е прв напад на сириската Армија врз населено место на територијата на Либан од почетокот на конфликтот во Сирија.

Во Ерсал во текот на минатата недела пристигнаа голем број сириски бегалци од реонот на градот Кусеир, кој по жестоки борби беше преземен од страна на сириските владини сили.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија