Четири сириски војници загинаа, а еден е ранет во израелска „воздушна агресија“ на некои позиции во крајбрежните и централните региони на Сирија во саботата наутро, јави сириската државна новинска агенција Сана.
Сириската воздушна одбрана се спротивстави на нападот кој дојде од страната на Средоземното Море и предизвика материјална штета, наведува агенцијата.