Поврзаниот со Ал Каеда фронт џихадисти Ан Нусра, кој се бори против сирискиот режим, изјави дека ќе изврши напад на села на Алавити, верска заедница на која припаѓа и Башар ал Асад, како одмазда за нападите со хемиско оружје извршени во средата во близина на Дамаск.
– Алавитските села ќе ја платат цената за секоја ракета со хемиско оружје, падната врз наши блиски во Дамаск, изјави лидерот на Ан Нусра, Абу Мохамад ал Џулани.