Исламистичка фракција на сириските бунтовници соопшти дека презела контрола врз пешадиско воено училиште во северниот сириски град Алепо.
Во соопштението на исламистичката бригада Ал Таухид се тврди дека бунтовниците вчера целосно го ослободиле воениот објект. Во жестоките борби загинал командантот на Бригадата полковник Јусеф ал Џадер, познат како Абу Фурат.
– Најмалку 100 војници се заробени, а 150 одлучија да се приклучат во нашите редови. Сите војници беа гладни поради опсадата на пешадиското училиште, изјави бунтовнички командант.
Бригадата Ал Таухид е една од најголемите бунтовнички групи што дејствуваат во Алепо.