Сириски бунтовници обучени од САД му предале опрема и муниција на Фронтот „Ал Нусра“

Од:

Сириски бунтовници обучени од САД предале дел од својата опрема и муниција на Фронтот Ал Нусра, која е поврзан со Ал Каеда, во замена за безбедно преминување, изјави вчера портпарол на Централната команда на американските вооружени сили, полковникот Патрик Рајдер, јави БТА.

Светските медиуми коментираат дека ова е уште еден удар за американската програма за обучување на локалните партнери, кои се борат против Исламска држава.

– Бунтовниците му предале шест пикапа и одредена количина муниција на претставник на Ал Нусра во замена за безбеден премин, истакна Рајдер.

– Доколку се докаже како точна информацијата дека членови на Новите сириски сили (НСС) му давале оружје и опрема на Фронтот Ал Нусра, тоа ќе биде доста вознемирувачко и ќе претставува нарушување на директивите на Сирија за обука и доставување опрема, рече Рајдер.

Американската Централна команда, која раководи со американските воени операции на Блискиост Исток, за предавањето на опремата и оружјето била известена вчера попладне.

Би можело да ве интересира

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?