Водечката бунтовничка група во Сирија, Високиот воен совет, соопшти дека бара „исламски суд“ да го испита убиството на еден од нејзините главни команданти, извршено минатата недела од страна на странски исламистички борци.
Ова е прва официјална реакција на Совет, кој ужува поддршка од западните земји, за убиството на Камал Хамами познат како Абу Баир ал Ладкани, кое ги сврте едни против други либералните и исламистички бунтовници во Сирија.
Според бунтовнички извори, главниот осомничен Абу Ајман ал Багдади се крие и нема најава дека неговата група Исламска држава во Ирак и Левант, која е поврзана со Ал Каеда, ќе му го предаден на Судот во градот Алепо.
– Шеријатскиот суд ќе го разгледа случајот. Сите страни се информирани за тоа. Воениот совет бара убиецот да му биде предаден на сирискиот суд. Советот исто така донесе одлука да ги отстрани контролните пунктови на главните патни правци и да не дозволи маскирани вооружени лица да стојат на пунктовите, истакна претставник на групата.