Сириската војска зазеде клучен град на бунтовниците и покрај заканите од Турција

Од:

Војската на сириските владини сили зазеде клучен град на сириската опозиција на североистокот од земјата, и покрај заканите на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган дека ќе употреби сила доколку до крајот на месецот не се повлечат, соопшти денеска Сирискиот Центар за мониторинг на човековите права. Оваа невладина организација, со седиште во Велика Британија, соопшти дека силите на сириската војска во вечерните часови влегле во градот Саракеб, по интензивниот судир со борците на сириската опозиција во текот на кој биле опколени неколку турски набљудувачки пунктови.

Саракеб е последниот поголем град што го држеа бунтовниците. Градот се наоѓа на крстосница на автопат што ги поврзува источна и западна Сирија.

Турција ги поддржува бунтовничките групи на севеозападот од Сирија, а има и десетина набљудувачки пунтови во провинцијата Идлиб, која се граничи со Турција.

Последните неколку дена официјална Анкара испрати нови војници и опрема, поставувајќи пунктови околу Саракеб, и на тој начин се обиде да го спречи упадот на владините сили.

Војската на сирискиот претседател Башар ал-Асад од декември напредуваше во Идлиб, последното упориште на бунтовниците во земјата.

Обединетите нации соопштија дека заради тоа се раселени повеќе од 500.000 лица.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка