Сириската Влада ракетирала упориште на бунтовниците, убиени четири лица

Од:

Најмалку четири лица загинаа, а неколкумина се повредени кога сириските владини сили синоќа ракетирале локација под контрола на бунтовниците во близина на границата со Турција, соопштија опозициски активисти.

Сириските владини сили го ракетирале градот Сармад во време на зголемени тензии во последното упориште на бунтовниците во северозападна Сирија, каде прекинот на огнот договорен во март 2020 година постојано се крши во последните недели.

Опозициската Сириска опсерваторија за човекови права, со седиште во Лондон, соопшти дека меѓу загинатите има тројца локални полицајци чија станица била погодена, а 17 лица се повредени.

Исто така, опозициската група Сириска цивилна одбрана, позната како Бели шлемови, соопшти дека ракетниот напад бил насочен кон Сармад и на патот што го поврзува со граничниот премин Баб Ал-Хава, кон Турција.

Групата, исто така, наведе дека четири лица загинале, но дека се повредени 23 луѓе.

Примирјето постигнато меѓу Турција, која ги поддржува сириските опозициски сили и Русија, главниот сојузник на сирискиот претседател Башар Асад, стави крај на офанзивата на владините сили во северозападниот дел на земјата во март минатата година.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка