Сириската опозиција упати апел за помош за спас на опколениот Хомс

Од:

Сириската опозиција упати апел за помош и испорака на оружје за да се спречи војската, верна на претседателот Башар ал Асад, да го преземе опколениот град Хомс, во централниот дел на земјата, пренесоа француските медиуми.

– Ова е политички, етички и хуманитарен апел. Повикуваме на итна интервенција за да се пробие опсадата на Хомс, градот што е во опасност од делење, изјави Фарах ал Атаси од коалицијата која заседава во Истанбул.

Опозиционерите сакаат да добијат од сириските организации и од Советот за соработка во Заливот „модерно оружје за да се одбранат од агресијата на Асад“, рече таа.

Претставникот на коалицијата Абделрахман Батра, од негово име ги повика медиумите да одделат повеќе внимание на ситуацијата во Сирија, а не само на положбата во Египет.

-Египѓаните си имаат армија која ќе ги брани. А во Сирија Сиријците се борат против четири армии. Едната е војските на режимот, втората се (либанските) милиции на Хезбплах, третата иранската Гарда на Исламската револуција, а четвртата е руската технологија, која обезбедува сателитски снимки, појасни Батра.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети