Лидерот на сириската опозиција Ахмад Џарба на средбата со американскиот државен секретар Џон Кери побара САД да ја достават ветената воена помош.
Џарба во седиштето на Обединетите нации истакна дека ситуацијата во Сирија е очајна и оти на опозицијата и е потребна итна помош од САД за да ја поттикнат меѓународната заедница да побара политичка промена во земјата.
Тој го обвини режимот на сирискиор претседател Башар ал Асад дека користи најразновидно оружје од хемиско до касетни бомби, додавајќи дека опозицијата треба да има оружје за да се заштити.