Вооруженото востание против режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад ќе продолжи, наспроти тоа што сириските сили денеска преземаа контрола над стратешки значајниот град Кусаир, соопшти денеска главната опозициска група во Сирија.
– Револуцијата ќе продолжи. Победата е на страната на праведните што се борат против угнетувањето и неправдата, се наведува во соопштението на сириската Национална коалиција.
Коалицијата ги повика Обединетите нации и големите сили да ги исполнат своите обврски и итно да интервенираат за заштита на цивилите.
Претходно сириската армија по заземањето на стратешки значајниот град Кусаир објави дека со „челична тупаница ќе ги прегази“ бунтовниците во секоја агол на Сирија, на кои им останува само да се предадат или да умрат.