Сириската опозиција ќе избира лидер

Од:

Претставници на сириската опозиција денеска во Истанбул избираат нов лидер. Сириската национална коалиција е без лидер неколку месеци, откако лидерот се повлече поради несогласување за евентуалните преговори со Владата на претседателот Башар ал Асад.

Денешната средба е со цел да се постигне договор со кој ќе се обединат трите основни фракции во коалицијата Муслиманско братство, единствена организирана група во политичката опозиција, потоа групата поддржана од Саудиска Арабија и крилото лојално на генералниот секретар Мустафа Сабаг, кој има поддршка од Катар.

Меѓу можните кандидати за нов лидер на коалицијата се Ахмад Џабра, Сабаг, потоа долгогодишниот опозиционер Ахмед Туме ал Хадер и Бурхан Галиун, кој живее во Париз.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети