Сириската опозиција ги обвини владините сили за убиство на над 50 лица

Од:

Опозициската Сириска национална коалиција денеска ги обвини силите лојални на сирискиот претседател Башар ел Асад за убиство на најмалку 50 лица при напад на едно сунитско село на брегот на Средоземното Море.

Сириските бунтовници соопштија дека владините сили вчера го заземале селото Бајди, при што убиле најмалку 50 локални жители, но се стравува дека „страдале и до сто лица“.

Опозицијата, повикувајќи се на „изјави на сведоци“, тврди дека меѓуубиените има и деца и жени, како и дека „десетина жители се водат како исчезнати“.

Според бунтовниците, нападот врз Бајди претставува „масакр од голем обем“ зад кој стои режимот на Асад.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија