Сириската опозиција ги обинува владините сили за нов масакр на цивили

Од:

Во една сунитска населба во сирискиот медитераснки град Банијас се пронајдени безживотни тела на најмалку 62 цивили, соопшти опозицискиот Сириски центар за мониторинг на човековите права.

Во соопштението на организацијата се посочува дека цивилите биле убиени за време на вчерашните напади на владините сили врз Банијас, кој се наоѓа во северозападниот дел на Сирија.

Според организацијата, меѓу 62-та убиени има и 14 деца. Групата стравува дека бројот на жртвите би можел да биде и поголем од причина што десетици локални жители се водат како исчезнати.

Ова е второ обвинување на Центарот на сметка на владинити сили за масакр на цивили во последниве три дена, откако во четвртокот организацијата тврдеше дека сили лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ел Асад убиле 50 лица во сунитското село Бајда, јужно од Банијас.

Претседателот Асад и поголемиот дел од владејачката елита во Сирија се припадници на алавитскиот огранок на шиитскиот ислам, додека мнозинството од бунтовниците се сунити.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија